Од 09.07.2024 од 11:00 часот, на десна коловозна лента на автопат Скопје-Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај, при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување.
Жикол Дооел Струмица известува дека поради вршење на градежни активности на објект: Реконструкција со проширување на регионален пат Р1109 делница Понов мост – влез во Богданци, сметано од 24.06.2024 година ќе биде поставен времен режим на сообраќај.
Ве известуваме дека од 07.06.2024 година во времето од 15.00 часот на подолг временски период на регионалниот пат Прилеп- Крушево Р-1306 поточно помеѓу мостовите кај с.Врбјани и с.Кривогаштани од страна на градежна фирма „Стентон Градба’’ -Битола ќе се извршува реконструкцуја на мостовите.
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп - Крушево - Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп - Крушево - Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 07.06.2024 год. сообраќајот ќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.
Времена измена на режим на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово, заради извршување на градежни активности. Измената на режим на сообраќај ќе започне да се применува од петок, 31.05.2024, а во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот.
Патниот правец Охрид – Ресен (и обратно) преку националниот парк Галичица, од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.
Известување за времена измена на режим на сообраќај на државен пат Р1101 на потег од Ново Лагово до Тополчани, заради започнување со градежни активности во врска со проект Коридор 8 и Автопат 10Д, патишта во Секција 4 км. Заради тоа од 01.04.2024 год. сообраќајот ќе се одвива според одобрен сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.
На 26.03.2024 година од 14.15 часот, извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот - 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје - Куманово (десна коловозна лента), каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200 метри сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента, за да потоа во должина од 1500 метри целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај.
Се известуваат сите учесници во сообраќајот дека на магистралниот пат А2 Крива Паланка – г.п. Деве Баир поради работи на патот и позачестени одрони, крајно внимателно да управуваат со возилата за своја и општа безбедност.
На одредени места е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Скопје – Македонски Брод
од 07:30 – 09:00
од 12:00 – 12:45
од 16:00 – 18:00
Македонски Брод – Скопје
од 06:00 – 07:00
од 10:30 – 11:00
од 13:00 – 13:45
од 18:30 – 20:00
ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно ново издаденото одобрение за времен режим на сообраќај поради изведување на градежни работи на Автопат А4, делница ГП "Блаце" - Скопје (клучка "Стенковец") Подделница 1 – од 08.11.2023 г. постоечкиот локален пат до с. Блаце од магистраниот пат А4 пред Граничниот Премин ќе биде затворен, а пристапот до с.Блаце ќе биде обезбеден по привремен пат пред Граничниот Премин, согласно поставената сообраќајна сигнализација. Останува и претходно воспоставениот времен режим на сообраќај согласно кој на 2 км пред Граничниот Премин "Блаце" на местото на изведување на градежните работи сообраќајот се одвива по двонасочен режим на сообраќај (со два нови кружни тека) и поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Oд 24.10.2023 год. ќе се започне со реконструкција на регионалниот пат 1301, (Охрид - Свети Наум).
Сообраќајот ќе се одвива непречено и ќе биде регулиран со соодветна сообраќајна сигнализација.
Од 23.10.2023 г. ќе започне реконструкција на постоечката наплатна станица Желино, на државен пат А2 - делница Скопје – Тетово. Сообраќајот на автопатот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на сообраќај.
Oд 11.9.2023 г. ќе се воспостави времениот режим на сообраќајот во тунелот на стационажа км 6+326 до км 6+366, на десна страна од тунелот, правец Блаце – Скопје поради изведување на градежни работи – санација на тунелот. Ќе има светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.
Инфо телефон: