Од 1954 година

+

Забрани и известувања

19.04.2019

Известување  дека на ден 19.04.2019 до 20.04.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности при поставување на индуктивни јамки на Автопат А1, патен правец Демир Капија - Смоквица (клучка Демир Капија) за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

10.04.2019

Г.П Илинден-Струга известува дека од 12/04/2019 поради изведување на градежни работи изградба натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

09.04.2019

Друштво Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека поради изведување на градежни работи за изградба на електронски системи за наплата на наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 на магистрален пат А1, делница Демир Капија – Гевгелија и обратно, сообраќајот ке се одвива согласно Одобрението за времен режим.

04.04.2019

Од 11:30 часот на регионалниот патен правец Р1107 Кавадарци – с. Мрежичко, поради оштетување на мостот на река Луда Мара кај с.Ваташа, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси.

01.04.2019

Поради изведување на градежни работи (рехабилитација на асфалтот) на патниот правец А2 Кичево – Охрид (помеѓу планинскиот превој Пресека и с.Песочан) од 02.04.2019 сообраќајот ке се одвива под посебен режим т.е. преминување од една во друга коловозна лента. На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

01.04.2019

Информација за движење на патен правец Скопје – М.Брод и обратно низ национален парк ЈАСЕН од 01.04.2019 год. Скопје – М.Брод 06.30 – 09.00 и 16.00 – 18.00 М.Брод – Скопје 05.00 – 06.00 и 18.30 – 20.00

20.03.2019

Од 21.03.2019 ( четврток ) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица ќе се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште.
Сообраќајот ќе се пренасочува по земјаниот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони.
На самото место ќе биде поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација.
Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

16.03.2019

Ве информираме дека автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. Во моментов на автопатот се вршат проверки од безбедносен карактер. Апелираме до сите возачи да не го користат автопатот.

01.03.2019

Г. П. Илинден – Струга известува дека од 02.03.2019 (сабота) ќе започне со изведување на градежни работи на пат на регионалниот патен правец Охрид - Свети Наум, во делот на булеварот Туристичка во должина од 3,5км.
На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

15.02.2019

Г.П Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с.Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи.
На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

23.11.2018

Патниот правец Р2332 - Охрид-Ресен преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 – Царина - врска со А3 и Р1301 - Трпејца), од 15.11.2018 до 01.05.2019 ќе биде затворен за сообраќај за сите видови возила.