Дејност
Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта "Македонијапат" има повеќе работни задачи и обврски, меѓу кои:
- редовно и зимско одржување на магистралните и регионалните патишта,
- проектирање на помали објекти на патиштата,
- асфалтирање на помали делници и крпење на ударни дупки,
-
проектирање, изработка и поставување на вертикална и хоризонтална сигнализација,
заштита на патишта, - автоматско и рачно броење на сообраќајот,
- катастар на патишта и мостови,
- информативна служба за состојбата на патиштата и друго.