|
За наплата на патарина
поред Законот за јавни патишта ("Службен весник на РМ" бр.26/96) предвидено е дел од финансирањето на јавните патишта да се обезбеди од надоместок (патарина) за употреба на автопат и негов дел (член 96), доколку на истиот правец постои друг јавен пат со современ коловоз (член 103).
Начинот на одредување на висината на надоместокот за употреба на делниците од автопатот (автопатска такса - патарина) за возилата со странска и домашна регистарска таблица е утврдена во член 4 од "Одлуката за висината на надоместокот за употреба на автопатот и негов дел", донесена од Владата на Република Македонија и објавена во "Службен весник на РМ" бр.52/2000.
Одлуката е донесена врз основа на член 103 став 2 од Законот за јавни патишта.
Корисниците на автопатот можат да извршат и претплата за користење на делниците од автопатот на кои е предвидена наплата на начин и услови што со посебен акт ги утврдува Фондот за магистрални и регионални патишта.
Прибирањето на надоместокот за користење на автопатот во Република Македонија се врши преку отворен систем за наплата составен од 10 наплатни станици:
|
Наплатна станица
|
Магистрален пат : делница
|
|
"Романовце"
|
M-1: Куманово - Миладиновци
|
|
"Сопот"
|
M-1: Петровец - Велес
|
|
"Отовица"
|
M-1: Велес - Петровец
|
|
"Стоби"
|
M-1: Велес - Градско
|
|
"Аеродром"
|
M-3: Скопје - Петровец
|
|
"Миладиновци"
|
M-4: Скопје - Миладиновци
|
|
"Глумово"
|
M-4: Скопје - Групчин
|
|
"Желино"
|
M-4: Групчин - Тетово
|
|
"Тетово"
|
M-4: Тетово - Гостивар
|
|
"Гостивар"
|
M-4: Тетово - Гостивар
|
Согласно Законот за јавните патишта (член 103 став 4) наплатата на посебниот надоместок (автопатска такса - патарина) за користење на автопатот го врши јавното претпријатие "Македонија пат", при што задолжително на корисникот му издава потврда (фискална сметка) за платениот надоместок.
Плаќањето на надоместокот за користење на автопат (автопатска такса - патарина) е задолжителна за сите корисници на автопатот и негов дел.
Согласно Законот за Регистрирање на готовински плаќања, член 2, задолжително е издавање на фискална сметка при готовински плаќања за извршениот промет, односно услуга.
Согласно член 8 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавни патишта ("Службен весник на РМ", бр.30/2007) ќе се изрече глоба од 1000 до 2500 евра во денарска противвредност за прекршок на претпријатие или друго правно лице ако не издаде потврда (фискална сметка) за наплатениот надоместок (автопатска такса - патарина).
Глоба од 100 до 300 евра во денарска противвредност ќе се изрече на физичко или правно лице ако потврдата (фискалната сметка) не ја чува во возилото за цело време на движење по патот или не ја покаже на субјектите надлежни за надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за јавни патишта.
Врз основа на член 1 од Законот за изменување на Законот за јавни патишта ("Службен весник на РМ" бр. 31/2006) се ослободуваат од плаќање на автопатска такса - патарина возилата и тоа:
1. возила со полициска придружба;
2. видливо означени возила на Армијата на Република Македонија, полицијата, итна медицинска помош, Црвениот крст на Република Македонија, противпожарната служба и погребални возила;
3. возила на лица заболени од дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплемија, детска парализа (полиомиелитис), лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување над 80%, утрдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија.
|